Европската унија ги продолжи санкциите против 146 државјани на Русија и Украина, како и против 37 организации, регистрирани на териториите на овие земји. Мерките на ограничување се пролонгирани до 15 март 2017 година, се вели во соопштението на сајтот на Советот на ЕУ.
Во изјавата се наведува дека санкциите, кои подразбираат замрзнување на активата и забрана за влез во ЕУ, беа воведени во март 2014 година поради „активности, насочени против територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“. Последен пат важноста на наведените мерки Брисел ги продолжи во март 2016 година, пишува „Лента.ру“.
„Резултатот од процената на ситуацијата не овозможува да се укине режимот на санкции во однос на физичките лица или организациите“, истакнува Советот. Во Службениот весник на ЕУ одлуката за продолжувањето ќе боде објавена на 16 септември, кога и ќе стапи на сила.
ТАСС пишува дека на самитот на ЕУ во октомври е планирана детална дискусија за односите со Русија во текот на која ќе се дискутира за можноста за укинување или попуштање на режимот на санкции од почетокот на 2017 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче