Посетители разгледуваат уметнички дела во Државниот музеј Ермтитаж во Санк Петербург. Извор: Reuters
„Годинава Државниот музеј „Ермитаж“ го повтори успехот од 2014 година и не само што стана најдобриот музеј во Русија и Европа, туку и влезе во тројката светски лидери. Победниците беа дефинирани според специјално разработен алгоритам кој го пресметува бројот и квалитетот на коментарите и рејтингот на музеите во различни земји во светот врз основа на податоците собрани во текот на 12 месеци“, истакнува прес-службата на сајтот.
Странските посетители во своите коментари за Ермитаж го нарекуваат „една до главните причини за посета на Русија и Санкт Петербург“.
На чело на листата од 10 најдобри музеи на светот се наоѓа музејот Метрополитен во Њујорк, на второ место е Уметничкиот институт на Чикаго, а Ермитаж го зазема третото место.
Ермитаж е огромен дворски комплекс, поранешна свечена резиденција на руските цареви. Изграден е во втората половина на 18 век по указ на ќерката на Петар I Елизавета. Според нејзината замисла тој требало да ги засени сите кралски дворци во Европа што, како што истакнуваат посетителите, целосно успеал во тоа – толкаво количество на позлата, мермер, скапоцени и полускапоцени камења во ентериерите повеќе нема никаде на светот. Покрај тоа, Ермитаж е дом на големи уметнички колекции, како царски, така и приватни, кои се слевале од цела Русија. По револуцијата во 1917 година, овде е отворен јавен музеј во кој е претставено културното наследство од цел свет – од најстаро време до првата четвртина на 20 век.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче