Министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин изјави дека Киев до крајот на неделата ќе поднесе тужба против Москва.
„Таа се однесува на конвенцијата за поморско право и фактички е сеопфатна, затоа што вклучува такви фундаментални прашања како што е користењето на морското пространство, како што е нарушувањето на еколошката безбедност, како и објекти на културно наследство“, изјави Климкин во програмата на телевизијата „Ај-Си-Ти-Ви“, ветувајќи дека тужбата ќе биде „со многу големи размери“.
Според дипломатот, Киев има намера да бара не само признавање на своите права, туку и компензација од Москва.
Во моментов во Европскиот суд за човекови права има четири тужби од Украина против Русија. Во тужбите Киев бара компензација од Москва за настаните во Крим и Донбас, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче