Шефот на ЦИА изјави дека Русија е „страшен противник“

Директорот на ЦИА Џон Бренан смета дека САД треба да бидат „многу претпазливи во однос на руските власти во врска со прибирањето информации во кибер-просторот“.

Директорот на Централната агенција за разузнавање на САД (ЦИА) Џон Бренан изјави дека Русија претставува „страшен противник“ со кого во низа области треба да се соработува.

„Русија претставува страшен противник во низа области, но има и области во кои за нас е неопходно да соработуваме со Русија, особено околу Сирија“, изјави Бренан во интервју за телевизијата „Си-Би-Ес Њуз“.

Според него, САД треба да бидат „многу претпазливи во однос на руските власти во врска со прибирањето информации во кибер-просторот“. Притоа Бренан не кажа дека Русија е наводно одговорна за кибер-нападите врз Националниот комитет на Демократската партија, истакнува телевизијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња