Главни тези од интервјуто на Путин за Блумберг

Претседателот на Русија Владимир Путин (лево) и главниот уредник на „Блумберг“ Џон Миклтвејт во текот на интервјуто за интернационалната новинска агенција „Блумберг“ на островот Руское во Владивосток.

Претседателот на Русија Владимир Путин (лево) и главниот уредник на „Блумберг“ Џон Миклтвејт во текот на интервјуто за интернационалната новинска агенција „Блумберг“ на островот Руское во Владивосток.

Алексеј Дружнини / РИА „Новости“
На Источниот економски форум во Владивосток претседателот на Русија на 2 септември даде интервју за меѓународната новинска агенција Блумберг. Разговорот засегна важни прашања од светската политика и економија. „Руска реч на македонски“ ги издвојува најважните акценти од интервјуто на Владимир Путин.

Русија е подготвена да разговара со Јапонија за Курилите

Еден од гостите на форумот во Владивосток е премиерот на Јапонија Синзо Абе. На прашање на Блумберг дали е можен договор меѓу Русија и Јапонија за Курилските Острови (спорна територија за Русија и Јапонија уште од Втората светска војна) Путин одговори дека Русија е подготвена да продолжи со дијалогот кој беше замрзнат пред неколку години по иницијатива на јапонската страна . Притоа за трговија со територијата воопшто не станува збор, треба да се бара компромис, прифатлив и за двете страни.

„Тоа нема никаква врска со каква и да е замена или продажба, - истакна Путин. - Станува збор за наоѓање решение кое ќе биде поволно за двете страни“.

Ревизија на резултатите од Втората светска војна е недозволиво

Дописникот на Блумберг на шега го праша Путин дали е подготвена Русија, на пример, да ги врати Калининград (поранешен Конингсберг, присоединет кон СССР како резултат на Втората светска војна). Рускиот претседател одговори сериозно - ревизија на резултатите од Втората светска војна е „Пандорина кутија“, која во никој случај не смее да биде отворена.

„Ние ќе треба да разговараме не само за Калининград, но исто така и за источните земји на Германија, за град Лавов, поранешен дел на Полска, и така натаму, и така натаму“, изјави Путин, што според него не треба да се дозволи.

Москва ќе продолжи да ги развива и да ги диверзификува односите со Пекинг

Намалувањето на трговската размена со Кина (во 2015 година падна на 70 милијарди американски долари. Поставена е цел таа во 2020 година да достигне износ од 200 милијарди американски долари.), според Путин е условено од падот на цените на нафтата и гасот - традиционални извозни стоки за Русија. Притоа, Кина останува многу важен партнер за Русија и соработката меѓу двете држави опфаќа повеќе области.

Покрај трговијата, Русија и Кина достигна сосема друго ниво на соработка, изјави рускиот претседател Путин. Тој ги наброја новите сфери на заедничка работа - вселенски програми, машиноградба, брза железница, изградба на нуклеарна централа во Тјанван итн.

Русија инсистира на замрзнување на нивото на производство на нафта

„Зборувам за невидено ниско ниво на цените на нафтата, - истакна Путин. – Русија ја поддржува идејата за замрзнување на нивото на производство на нафта и не го менува својот став во врска со ова прашање“. Стабилизацијата на цените се покажа невозможна поради политиката што ја водат другите земји производители на нафта, особено - Саудиска Арабија. Претседателот на Русија изјави дека е можно ова прашање да биде разгледано на средбата на Г-20, каде ќе присуствува и наследникот на принцот на саудиската држава.

Оптималната, според Путин, политика на земјите производители на нафта би била следнава: замрзнување на експлоатацијата на определено ниво, со определени преференции за Иран, кој излезе на пазарот неодамна, по укинувањето на санкциите. „Иран започна од многу ниска позиција, поради добро познатите санкции кон оваа држава, - рече Путин. - Би било нефер да го оставиме на тоа санкциско ниво“.

Кремљ е подготвен за намалување на улогата на државата во економијата на Русија

Што се однесува до можната продажна цена на 19.5% од акциите на најголемата руска нафтена компанија Роснефт (во моментов руската држава поседува 69.5% од акциите), Путин рече дека ја поддржува етапната приватизација на економските активи. Продажбата на пакет акции на Роснефт е планирана за оваа година. Покрај тоа, според Путин, Русија има намера да продаде акции и на Алроса - една од најголемите во светот компании за експлоатација на дијаманти.

Русија нема врска со пробивањето на серверите на Демократската партија во САД; Москва е подготвена да соработува со секој претседател на САД

Уште еднаш Путин ги отфрли обвинувањата дека Русија има врска со пробивањето на серверите на Демократската партија на САД. Претходно во западниот печат се слушнаа верзии дека зад протекувањето информации стојат руските хакери. „Не знам ништо за тоа, на државно ниво Русија никогаш не направила такво нешто“, истакна рускиот претседател.

На прашањето  дали би сакал да ја Клинтон или Трамп како домаќин на Белата куќа, претседателот на Русија одговори: „Би сакал да работам со човек кој може да носи одговорни решенија и да ги имплементира постигнатите договори“. Русија не се меша во внатрешните работи на други држави.

Г-20 треба да се фокусира на економијата

Споменувајќи ја зголемената политизираност на средбата на Г-20 (која се одржува во Хангжу, Кина, од 4 до 5 септември), претседателот на Русија потсети дека „дваесетката“ е првенствено форум за дискусија на економијата и токму на неа треба да се фокусираат разговорите.

„Мислам дека Г-20 не треба да се меша во тоа, постојат други платформи за тоа“, изјави Путин, говорејќи за евентуална дискусија за сирискиот прашање на состанокот. Според него оптималните места за дискутирање на слични теми се ОН и Советот за безбедност.

Русија е заинтересирана стабилна Европа и за силно евро

Во врска со иднината на Европската Унијата и на еврото по Брегзит, Путин истакна дека водечките земји во Европската Унија заземаат прагматична позиција за економските прашања и најверојатно тоа ќе помогне да се зајакне еврото и да се решат постоечките економски проблеми на Унијата.

„Можеби некои решенија ќе консолидираат група земји кои се на слично ниво на развој и на тој начин, според мене, ќе се зголеми еврото“, рече рускиот претседател. Тој потсети дека 40% од златните резерви на Русија се чуваат во евра и затоа, без разлика од постоечките политички несогласувања, стабилноста во Еврозоната е важна за Москва.

Односите меѓу Русија и Велика Британија зависат од САД

На средбата на Г-20 во Хангжу Путин ќе се сретне за прв пат со новиот премиер на Велика Британија Тереза ​​Меј. Во одговор на прашањето како ќе се развиваат руско-британските односи во контекст на Брегзит, Путин рече: „Односите на Велика Британија со Русија не зависат од нејзиното присуство или отсуство од ЕУ, ами од нејзините специјални односи со САД“.

Односите на Русија и Велика Британија, кои во последно време според Путин не се на особено добро ниво, можат да се подобрат, доколку Лондон одржува повеќе независна надворешна политика.

Согласност за Сирија помеѓу САД и Русија е можно

Претседателот на Русија истакна дека преговорите помеѓу Русија и САД за сирискиот прашање одат тешко. За напредок мора да се направи разлика помеѓу умерената опозиција и терористите - ова прашање останува нерешено од самиот почеток на преговарачкиот процес. Во исто време, според мислењето на рускиот претседател во блиска иднина е можен напредок. „Не ја исклучувам можноста да успееме да се договориме за нешто во блиска иднина и да ги претставиме нашите резултати на меѓународната јавност“.

Покрај тоа, Путин изјави дека Русија е во контакт со Турција и не се противи на нејзините операции во северна Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња