Иран и Русија ќе ја градат атомската централа „Бушер 2“

Русија ќе учествува во изградбата на иранската АЕЦ „Бушер 2“.

Иран положи камен-темелник на втората по ред АЕЦ „Бушер“ (од проектот „Бушер 2“), која ќе биде изградена со учество на Русија. Со самото тоа е даден официјален старт на почетокот на изградбата на новите блокови.

„Инсталацијата во прв ред докажа дека Русија секогаш ги исполнува своите обврски пред странските партнери, независно од промените во политичката клима во светот“, изјави првиот човек на „Росатом“ Сергеј Кириенко во текот на церемонијата.

Тој истана дека „вториот дел на проектот е практичниот придонес на „Росатом“ во проширувањето на руско-иранската соработка и истовремено сериозен чекор за зацврстувањето на позициите на Русија на светскиот пазар на нуклеарни технологии во таков перспективен макрорегион како што е Блискиот Исток“, пренесува РИА „Новости“.

Иран планира со пуштањето во работа на секој нов блок да заштеди 11 милиони барели нафта годишно.

Вредноста на проектот „Бушер 2“ изнесува околу 10 милијарди долари. Неговата изградба ќе трае 10 години.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња