Хилари Клинтон се плаши од руска вмешаност во изборите во САД

Хилари Клинтон изјави за „опасноста“ од вмешувањето во претседателските избори од страна на Москва.

Според кандидатот на Демократската партија на САД, можната опасност треба да се отстрани „брзо и сигурно“, соопштува „Блумберг“.

За руската „закана“ Клинтон тврди дека има „веродостојни информации“ за намерата на Москва да влијае на текот на претседателските избори, меѓутоа таа не дава конкретни докази.

Според неа, заканата потекнува од рускиот претседател Владимир Путин. Наводно, Путин и неговите помошници сметаат дека можат да добија „некаква полза“ со тоа што ќе влијаат на изборот на Американците.

Хилари Клинтон е уверена дека опасноста што доаѓа од Москва треба да се отстрани „брзо и сигурно“.

Москва повеќе пати ги отфрли сите обвинувања за мешање во текот на изборите во САД. Така, Владимир Путин во интервјуто за „Блумберг“ изјави дека Русија е подготвена да соработува со секоја американската администрација“.

„За тоа (за да се влијае на текот на изборите во САД) треба да се чувствува нервот и карактеристиките на внатрешнополитичкиот живот на Соединетите Држави. Не сум уверен дека дури и нашите специјалисти во МНР го чувствуваат тоа на потребниот начин“, објасни Путин, пишува РИА „Новости“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња