Путин и Обама разговараа за Сирија и Украина

Портпаролот на Кремљ Дмитрј Песков оцени дека состанокот поминал добро.

Претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Барак Обама одржаа разговори на маргините на самитот на Г-20 во Кина.

Средбата траеше преку еден час. Личната средба на Путин и Обама беше договорена во неделата, кога претседателите неколку пати разговараа „на нога“, а амеруканскиот претседател предложи посебна средба, пренесува РИА „Новости”.

Од руска страна во преговорите учествуваа помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, портпаролот Дмитриј Песков и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Од американската страна на средбата присуствуваше државниот секретар Џон Кери.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека средбата траеше подолго од планираното.

„Малку се задржаа. Разговараа за Сирија, пред сѐ, и за Украина. Потоа Обама и Путин разговараа насамо“, изјави Песков за новинарите по преговорите.

Оценувајќи го текот на средбата, портпаролот на Кремљ истакна дека средбата поминала добро. Песков исто така изјави дека работата ќе биде продолжена.

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња