„Гаспром“ ќе добие потврда дека сите претходно издадени дозволи за изградба на „Јужен тек“ ќе важат и за „Турски тек“, рече Алексеј Милер.
Како што изјави Милер, „Гаспром“ и Министерството за енергетика на Турција се договориле руската компанија во најкраток можен временски рок ги добие дозволите за истражување во турската економска зона и на турскиот брег, врз основа на кои подоцна ќе биде изградена крајбрежната инфраструктура, како и приемниот терминал за „Турски тек“.
Новак рече дека се очекува „патната карта“ за проектот да биде готова во октомври, како и дека меѓувладините спогодби би можеле да бидат потпишани неколку месеци подоцна.
„Патната карта“ за реализација на цевководот кој ќе биде поставен на територијата на Турција по дното на Црното море во моментов е во фаза на усогласување и се наоѓа кај турските партнери чија согласност ја чекаме“, нагласи министерот Новак.
„Кога се во прашање роковите, нашата задача е што побрзо да дојдеме до согласност... Сѐ зависи од двете страни. Ние, се разбира, сметаме дека тоа ќе биде во октомври“, изјави тој, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче