Русија и Турција се договорија за издавање дозволи за „Турски тек“

Договорот за одмрзнување на проектот беше постигнат на 9 август на средбата на лидерите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

Гаспром“ се договори со Министерството за енергетика на Турција во најкраток рок да ја заврши процедурата за издавање на сите дозволи за „Турски тек“, соопшти руската компанија, пренесува РИА „Новости“.

„На средбата е постигнат договор за завршување во најкраток рок на процедурата за издавање на сите неопходни дозволи за почеток на реализацијата на проектот „Турски тек“. Комерцијалните преговори за условите за испорака на руски гас во Турција ќе бидат продолжени“, се вели во соопштението по завршувањето на работната средба меѓу шефот на руската компанија Алексеј Милер и министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Берат Албајрак.

Страните исто така дискутираа за прашања поврзани со регионалната соработка во сферата на енергетиката.

Проектот за гасоводот „Турски тек“ претходно беше замрзнат поради заладувањето на политичките однос меѓу Москва и Анкара. Договорот за одмрзнување на проектот беше постигнат на 9 август на средбата на лидерите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња