„Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе ги почитува нашите обврски во НАТО за нивна заштита во случај на инвазија од Русија. Тие се смртно преплашени – и имаат причина за тоа – Русија може да ја премине границата и да ги анектира како што направи со Крим“, изјави Џо Бајден, зборувајќи за неговата посета на Рига, соопштува „Делфи“.
„Тие се членки на НАТО, а Трамп рече дека ќе провери дали платиле за она што го бараат. Првпат тој ги принуди земјите да се замислат дали ќе си го одржиме зборот. Кој би можел да си помисли дека ќе морам итно да летам за да, држејќи ги претседателите на Латвија, Литванија и Естонија за рака, да им кажам - тој не ги претставува ни републиканците, ни демократите, немојте да се нервирате“, изјави Бајден.
На 23 август, во текот на својата посета на Рига, Бајден изјави дека балтичките земји немаат основа да се сомневаат во обврските на САД во НАТО и ги повика да не им придаваат преголемо значење на забелешките на Трамп – затоа што Доналд Трамп наводно не знае што зборува, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче