Лавров: Русија е подеднакво заинтересирана за соработка и со ЕУ, и со Азија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека во светот се појавуваат нови влијателни економски и политички центри.

Русија нема да дава предност за соработка ни на ЕУ, ни на земјите од Азија, изјави во четвртокот министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.

„Ние нема да се залетуваме ни на една страна. Ние сме евроазиска држава, така сакала историјата, нашите велики предци, затоа треба поради сета наша историја да работиме во сите насоки, обезбедувајќи оптимални надворешни услови за развој на земјата, за подобрување на стандардот на народот, а тоа предвидува осигурување на безбедноста на нашите граници, осигурување оптимални услови за нашите граѓани кога одат во странство“, изјави Лавров на средбата со студентите и наставниот кадар на МГИМО(У) на МНР Русија.

Министерот истакна дека во светот се појавуваат нови влијателни економски и политички центри. „Тоа, пред сѐ, се забележува во Азиско-Тихоокеанскиот регион, кој стана и уште долго време ќе остане локомотива на светскиот економски развој. И сето тоа се случува без оглед на тоа што нашиот најголем трговски партнер – ЕУ – останува таков, без оглед на кризата, без оглед на санкциите“, додаде Лавров, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња