Владата на Украина го продолжи временски списокот со санкции против 388 физички и 105 правни лица од Русија. Списокот е дополнет со 250 физички и 46 правни лица, соопшти првиот вицепремиер на Украина Степан Кубив.
„Денеска го продолживме рокот на важност на персоналните санкции против 388 физички и 105 правни лица (од Русија). Покрај тоа, го проширивме списокот со 259 физички и со 46 правни лица“, изјави украинскиот вицепремиер, пренесува „Взгљад“.
Според него, проширувањето на списокот со санкции е одговор на „времената окупација на Крим и на чинот на воена агресија на истокот на Украина“. Кубив изјави дека санкциите се применуваат спрема оние кои го „поддржуваат тероризмот во Украина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче