„Ние како и претходно сме далеку од реална соработка, на наше жалење“, изјави Песков на прашањето дали Кремљ е задоволен од динамиката на развојот на соработката меѓу Москва и Вашингтон за сириското прашање.
„Овде како и претходно би сакале да видиме поголема подготвеност за реална соработка, за подигање на нашата соработка не на ниво на размена на информации или спорадична соработка, туку токму како целосна соработка без која решавањето на тешкиот сириски проблем е невозможно“, потенцираше портпаролот на претседателот на Русија, пренесува „Взгљад“.
Во вторникот специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН за Сирија Стафан де Мистура ги нарече преговорите меѓу Русија и САД решавачки за примирјето во Сирија.
Претходно извор во Женева соопшти дека руската и американската војска ја разгледуваат можноста за заедничка операција во Алепо во средината на септември.
МНР Русија изјави дека Москва се надева дека со Вашингтон ќе може да постигне договор за Сирија по средбата на техничките експерти во Женева, но дека тоа зависи од „кооперативноста“ на американската страна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче