Путин имаше телефонски разговор со Обама

Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на САД Барак Обама разговараа за Сирија.

„Лидерите детално ја разгледаа ситуацијата во Сирија потврдувајќи го особено расположението за помош на зацврстување на режимот на прекин на огнот инициран од Русија и САД во таа земја, како и за обезбедување пристап до хуманитарната помош во соодветни реони“, се вели во соопштението на сајтот на Кремљ.

„Путин ја акцентираше неопходноста од најскоро дистанцирање на „умерената“ опозиција од ИДИЛ и „Џебхат ан-Нусра“, како и затворање на границата меѓу Сирија и Турција од каде продолжува инфилтрирањето на борците и испораките на оружје за екстремистите“, се истакнува во соопштението.

Лидерите се договорија „и понатаму да ја зголемуваат координацијата на напорите на двете земји за Сирија, вклучително и по линија на специјалните служби и одбранбените ресори“. Со таа цел е решено да се изработат дополнителни мерки за оперативно реагирање на нарушувањата на режимот на прекин на огнот.  

„Претседателите на Русија и САД ја потенцираа важноста на сириските преговори што се одржуваат во Женева под патронат на ООН, а кои треба да придонесат за изнаоѓање патишта за политичко регулирање на конфликтот“, истакнува Кремљ.

Покрај тоа, Обама му се заблагодарил на Путин за укажаната помош од страна на Русија во ослободувањето на американскиот државјанин Кевин Доус во Сирија, пренесува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња