Иран: Не ѝ забранивме на руската авијација да полетува од Хамадан

Спикерот на иранскиот парламент Али Лариџани изјави дека Техеран не ѝ забранил на Москва да ја користи авиобазата Хамадан за летови над Сирија.

Техеран не ѝ забрани на Москва да ја користи авиобазата Хамадан за летови над Сирија, изјави спикерот на иранскиот парламент Али Лариџани.

Политичарот истакна дека Иран не ѝ ја дал на Русија авиобазата на располагање, потенцирајќи дека „тоа е времена мерка и базата се користи само за полнење гориво“.

Лариџани истакна дека Техеран соработува со Москва во борбата со тероризмот, пренесува агенцијата „Тасним“.  

Претходно иранските власти изјавија дека Русија може да ја користи авиобазата во Хамадан сѐ додека има потреба од тоа, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња