„Руската воена авијација што учествуваше во операцијата за нанесување воздушни удари од иранската авиобаза Хамадан врз објектите на терористите во Сирија, успешно ги исполни сите поставени задачи“, ги цитира рускиот воен ресор зборовите на Конашенков.
Во моментов сите вклучени во таа операција авиони на Воздушно-космичките сили на РФ се наоѓаат на територијата на Русија, пренесува РТ на руски.
Министерството за одбрана на РФ исто така потенцира дека понатамошното користење на авиобазата Хамадан во Иран ќе се врши „врз основа на заемниот договор за борба со тероризмот и во зависност од настанатите околности во Сирија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче