Генералното обвинителство на Украина објави потерница по министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу и уште по неколку високи руски функционери, соопшти телевизијата „112 Украина“ повикувајќи се на првиот човек на обвинителството Јуриј Луценко.
„За сите осомничени се објавени потерници, се подготвуваат барања до судот за дозвола за нивно приведување со цел доведување пред судот за разгледување на барањето за примена на мерка на претпазливост во вид на притвор“, изјави генералниот обвинител.
Луценко истакна дека обвинителството ги информирала Шојгу и уште 17 руски функционери дека се сомничат за извршување кривични дела велепредавство, формирање терористичка група, пропагирање на војна, како и планирање, подготовка и водење агресивна војна. Соодветните официјални информации, според зборовите на украинскиот обвинител, биле доставени до адресатите на 10 и 15 август.
Органите за спроведување на законот на Украина постојано соопштуваат за судски постапки против руските воени команданти и функционери. Така, во јуни, Киев ги повика на сослушување првиот човек на Крим Сергеј Аксјонов и обвинителот на републиката Наталија Поклонскаја, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче