„Сакаме да видиме сите во регионот и сите страни, кои имаат врска со тоа, да работат со ООН и да помогнат во напредокот на патот до сириските преговори“, изјави Хак во средата. Од ООН веќе соопштија дека се надеваат на обнова на преговарачкиот процес на крајот на август.
Претходно шефот на МНР Иран Мохамед Џавад Зариф предложи да се организира трилатерална средба меѓу Турција, Русија и Иран за разгледување на начините за регулирање на сириската криза во интерес на земјите од регионот.
„Ние сме во тек со последните настани и, се разбира, се надеваме дека секое подобрување на односите меѓу земјите ќе помогне да се придвижи процесот за мирно решавање“, изјави Хак.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов изјави за РИА „Новости“ дека разговарал во понеделникот во Техеран со министерот за надворешни работи на Иран Зариф за ситуацијата во Сирија во врска со последните договарања меѓу Русија и Турција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче