1. Првиот и основен дел од овие проблеми е дијаметрално спротивставените позиции на страните во сирискиот конфликт. Владимир Путин се обложува на Башар ал Асад, додека Реџеп Таип Ердоган се стреми кон негово побрзо отстранување од власт. Во тој поглед ништо не е променето. Поддршката од страна на Анкара за единиците на сириската опозиција - истата онаа која во моментов настапува кон Алепо и која е бомбардирана од руската авијација не престанува. Не треба да се заборави дека токму противречностите во однос на Сирија предизвикаа невидена криза во билатералните односи, откако во ноември минатата година беше соборен рускиот бомбардер. Овие противречности остануваат.
2. Вториот проблем е исто така поврзан со војната во Сирија - односот кон Курдите. За Анкара борците на курдските единици кои се бореа во Сирија со радикални исламисти, противници, сепаратисти и соработници на „терористите“ од Работничката партија на Курдистан, со кои претседателот Ердоган е во војна. А, за Москва сириските Курди се потенцијални сојузници. И нејзините односи со турските Курди традиционално се специјални и дефинитивно не се непријателски.
3. Третиот проблем е поврзан со конфликтот во Нагорно Карабах. Москва, при целата умереноста на нејзините изјави и еднаква оддалеченост, во светот се гледа како сојузник на Ерменија - нејзин партнер во ОДКБ. Кога станува збор за Турција, таа дури и не се обидува да демонстрира објективност и непристрасност. Анкара дефинитивно е на страната на Баку.
4. Четвртиот проблем исто така се однесува на постсоветскиот простор. Во турските републики на поранешниот СССР (Азербејџан, Узбекистан, Казахстан, Киргистан, Туркменистан) Анкара има стабилни позиции и Москва гледа на неа како геополитички конкурент. Специфична и исто толку болна тема е навлегувањето на Турција во „братските“ турскојазични републики на Руската Федерација.
5. Петтиот проблем е поврзан со фактот дека на турска територија непречено дејствуваат отворено непријателски расположени кон Москва организации какви што се оние од Северен Кавказ и на кримските Татари. Тие уживаат поддршката на влијателна и бројна дијаспора, па претседателот Ердоган, дури и да има желба да го отстрани овој надразнувач во односите со РФ, ќе мора да се соочи со сериозен отпор во самата Турција.
6. Шестиот проблем е кризата на довербата. Во Москва веќе никој не зборува за инцидентот со авионот. Но, тој не е заборавен. Како што не се заборавени и изјавите по уште „жешките траги“ на официјални турски лица, вклучувајќи и на самиот господин Ердоган - тие во никој случај не беа мирољубиви. Би било многу чудно, ако по уништувањето на Су-24, во Москва не се направиле заклучоци во врска со сигурноста и предвидливоста на турското раководство.
7. И конечно, седмиот проблем: сегашното приближување во голема мера е принудно. И кон Москва и од неодамна кон Анкара, Западот се однесува претпазливо и се дистанцира од нив. Во оваа ситуација искуството да се најде алтернативен партнер, да се раскине меѓународната изолација изгледа сосема природно. Во исто време, не постои гаранција дека истата оваа Турција, ако ги нормализира односите со САД и ЕУ, ќе продолжи да се залага за Русија и да ги реализира проекти како што е Турски тек, на пример.
Значи засега не вреди да се зборува за стратешко партнерство меѓу Москва и Анкара. Наместо тоа имаме негова имитација. Но, во споредба со жонглирањето по работ на вооружениот конфликт што го видовме само пред половина година, сегашното примирје е огромен напредок. Тоа дава надеж дека земјите ќе се обидат да решат барем некои од горенаведените проблеми.
Подетално на kommersant.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче