Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова реагираше на изјавата на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер според кого руската страна многу го изненадила Западот кога ја започнала антитерористичката операција во Сирија, напиша на својот „Фејсбук“ Марија Захарова.
„Ако е тоа прекор поради неподготвеноста за воена соработка, тогаш тој не треба да биде упатен до Русија, туку до Западот“, вели Захарова.
Таа смета дека токму Западот ја блокира воената соработка, вклучувајќи ја и размената на информации со Москва. Захарова нагласува дека Русија многупати има зборувано за потребата од задржување на контактите во воената сфера, макар и за итни прашања. Но Вашингтон ја одбива таквата соработка.
„Доколку тоа е навреда поради несакањето политичка соработка за Сирија, и тоа не може да се прифати – до почнувањето на операцијата на ВКС во Сирија, претседателот на Русија во Генералното собрание ООН во Њујорк предложи да се формира обединет антитерористички фронт, коалиција за борба против ИДИЛ. Реакцијата на Западот ја паметиме – како да не ја слушнавме. Ова не е единствената спорна изјава на шефот на МНР Германија дадена на Уралскиот федерален универзитет. Но тој, несомнено, има право за едно – ние треба да се разбираме едни со други, а за тоа е потребно да се слушаме еден со друг“, заклучува Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче