Судот за спортска арбитража ја прифати жалбата на руската атлетичарка Дарја Клишина поднесена против одлуката на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации со која нејзе не ѝ беше дозволено учество на Олимпијадата во Рио, соопшти во понеделникот „Спорт-експрес“.
Пред да учествува во натпреварувањата спортистката треба помине три фази на тестирање.
Минатата сабота ИААФ на Клишина ѝ забрани да учествува на Олимписките игри поради информациите во извештајот на комисијата на Светската антидопинг агенција. Притоа во извештајот не беа наведени детали. Следниот ден спортистката поднесе жалба на одлуката на ИААФ во Суфот за спортска арбитража во Лозана.
Дарја Клишина ќе се натпреварува во скок во далечина. Квалификациската етапа ќе се одржи во среда навечер, пишува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче