Киев: „Турски тек“ спротивен на интересите на Европа

Истовремено, во случај да се реализира проектот за гасоводот „Турски тек“, Украина не очекува влошување на односите со Турција, изјави министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин.

Министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин смета дека обновувањето на контактите меѓу Русија и Турција нема да ги влоши украинско-турските односи, меѓутоа смета и дека обновата на проектот „Турски тек“ им пречи на интересите не само на украинската држава, туку и на цела Европа.

„Економската соработка меѓу Турција и Русија во многу сфери ќе биде обновеа. И, во крајна мера, еден проект, за кој се дискутира во моментов, им противречи на интересите не само на Украина, туку и на Европа. Тоа е „Турскиот тек“, изјави Климкин во интервју за „Интерфакс“.

Шефот на украинската дипломатија истакна дека Украина по спогодбата за асоцијација со ЕУ ги презема на себе европските правила и условите во рамките на енергетската унија, а од своја страна Русија се стреми „да ја одмине Украина и да создаде нов гасен хаб на територијата на Турција кој нема да потпаѓа под европските правила“.

Освен тоа, според зборовите на Климкин, контактот меѓу Турција и  Русија дефинитивно нема да доведе до влошување на украинско-турските односи.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња