Претседателот на Украина Петро Порошенко му наложи на Министерството за надворешни работи на Украина да организира телефонски разговор со претседателот на Русија Владимир Путин по настаните на Крим, се вели на сајтот на шефот на украинската држава, пренесува РИА „Новости“.
Покрај тоа, Порошенко има намера да разговара со раководството на Германија и Франција во трилатерален „Нормандиски формат“, како и со потпретседателот на САД Џозеф Бајден и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Украина исто така ќе иницира консултации во Советот за безбедност на ООН и сака да го зајакне присуството на набљудувачите на ОБСЕ на границата со полуостровот.
Претходно украинскиот претседател нареди да се стават во состојба на зголемена борбена готовност сите единици на Вооружените сили на Украина на границата со Крим и Донбас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче