УЕФА: Мило ни е што ќе има фудбалски натпревар меѓу Русија и Турција

Пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Турција и Русија ќе се одржи на 31 август во Анталија.

Вршителот на должноста генерален секретар на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) Теодор Теодоридис го поврзува затоплувањето на односите меѓу Русија и Турција со фудбалот, пренесува „Лента.ру“.

„Мило ни е што Русија и Турција ќе одиграат пријателски натпревар откако во односите меѓу земјите имаше определена затегнатост. Токму во тоа лежи силата на фудбалот, играта ги обединува луѓето“, изјави Теодоридис.

Тој исто така не ја отфрли можноста да присуствува на натпреварот. „Ќе се потрудам да присуствувам на натпреварот, но терминот не е сосем соодветен – во тие денови е планиран годишниот форум на тренери во Женева. Но при првата можност ќе заминам за Анталија“, додаде функционерот.

Пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Турција и Русија ќе се одржи на 31 август во Анталија. Според информациите на медиумите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има намера да го покани рускиот лидер Владимир Путин да присуствува на натпреварот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња