Во САД предвидуваат колапс на украинската економија поради „Северен тек 2“

Веднаш штом Украина ќе го загуби статусот на транзитна земја за рускиот гас, таа ќе ги загуби приходите во висина од две милијарди долари, што ќе ја донесе кревката украинска економија до колапс, изјави специјалниот претставник на Стејт департментот на САД за енергетика Амос Хохштајн.

Специјалниот претставник на Стејт департментот на САД за енергетика Амос Хохштајн смета дека во случај на реализација на проектот за транспорт на гас „Северен тек 2“ украинската економија ќе пропадне.

Во разговор со новинарот на весникот „ЕурАктив“, Хохштајн истакна дека, штом Украина ќе го загуби статусот на транзитна земја за рускиот гас, таа ќе ги загуби приходите во висина од две милијарди долари. „На кревката економија на Украина ѝ се одземаат две милијарди долари во моментот кога меѓународната заедница се обидува да го поддржи Киев. Како да закрепнете од тоа? Одговорот е едноставен: никако. Економијата ќе пропадне“, изјави функционерот.

Тој додаде дека не смета дека Русија сака да ѝ наштети на Словачка, но „изгледа дека Москва не размислува за тоа“. Хохштајн потсети дека Братислава секоја година добива милијарда долари од транзитот на рускиот гас и дека во случај на прекин на договорот буџетот исто така ќе ги загуби овие приходи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња