Прво злато за Русија на Олимпијадата во Рио

Натпреварувачот во џудо Беслан Мудранов го освои првиот златен медал за репрезентацијата на Русија

Натпреварувачот во џудо Беслан Мудранов го освои првиот златен медал за репрезентацијата на Русија. 30-годишниот спортист од Кабардино-Балкарија го победи во финалето Елдос Сметов од Казахстан во категоријата до 60 кг, пренесува ТАСС.

На почетокот на финалната борба не можеше да се определи посилниот натпреварувач, нешто што не е за изненадување – двајцата спортисти се познаваат одамна и можат да го предвидат следниот чекор на противникот.

Во дополнителното време Мудранов успеа во 45 секунда да му ја одземе титулата Олимписки шампион на својот противник според правилото „златен бод“, совладувајќи го Сметов со „вазари“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња