Првиот од четирите планирани системи за контрола на вселенскиот простор почна со работа во Алтајскиот крај во оптичко-ласерскиот центар „Титов". Ова го изјави генералниот генералниот директор на научно-производствената корпорација „Системи за производство на прецизни прибори“ Јуриј Рој, пренесува „Взгљад“ во саботата, 6 август.
„Останатите три системи ќе бидат распоредени во Калининград, на Далечниот Исток и на Крим. Системот на Алтај е управуван заеднички од воен и цивилен персонал. Создаден е да открива вселенски апарати, наносателити, вселенски отпад – сѐ што може да ги загрози вселенските летала и, особено, Меѓународната вселенска станица“, објасни Рој.
Новиот систем е пуштен во работа по повод 55 години од летот на вториот космонаут на планетата Герман Титов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.