Татковината на шпионските сателити

Петар Гридин / ТАСС
Од август 2014 година Русија реализира нова голема програма за создавање комплексен систем на воени сателити на орбитата. Според плановите, во случај на нејзино исполнување земјата ќе влезе во групата на светски лидери според лансирањето апарати во космосот.

На 13 март годинава од космодромот Бајконур беше лансиран уште еден сателит, чија задача е детално набљудување на површината на Земјата. Апаратот и ракетата носач што беше искористена за негово лансирање на орбитата се разработени од Ракетно космичкиот центар „Прогрес“, едно од најголемите претпријатија на руската воено-космичка индустрија.

Од мали бродови до шпионски сателити

Денес Ракетно-космичкиот центар „Прогрес“ претставува огромна корпорација, во чиј состав влегуваат претпријатија кои се наоѓаат во различни региони на Русија. Освен главната фабрика и конструкторското биро кои се наоѓаат во Самата на брегот на реката Волга, во состав на „Прогрес“ се наоѓаат и производствени погони во Московскиот Регион, во Рјазањ и во Казахстан. Сите тие заедно формираат разгранет индустриски комплекс, за чија големина зборува бројот на вработени лица во него, кој изнесува повеќе од 20.000 луѓе.

Основни производи на комплексот се ракети-носачи, цивилни авиони, мали бродови, па дури и уреди за пилорамки. Сепак, најтаинствен дел од производството се сателитите. Голем дел од нив се користат за научни цели и во цивилната сфера, не се произведуваат и не се реализираат целосно отворено, но оној дел кој се однесува на воената примена е целосно под превезот на тајната.

Инженерите на Прогрес ги разработија и ги пуштија во производство сателитите кои ја формираат основната воена орбитална група на Русија. Бисер меѓу нив е космичкиот апарат од видот „Персон“. За тоа каква важна мисија вршат жителите на Самара говори и фактот дека нарачател на проектот за сателит е главната разузнавачка управа на вооружените сили на Русија. „Персона“ кој работи на 750 километри над земјата ги замени претходните разработки на самарските инженери – сателитите „Неман“ и „Кобалт“. Примената на нови технологии во неговата разработка овозможи за неколку пати да се зголеми периодот на наоѓање на орбитата. Сега времето изнесува 10 години и по рокот ги достигна американските аналози.

Употребата на технолошките процеси направени при создавањето на „Персона“ им овозможи на самарските инженери да создадат принципиелно нов апарат кој во иднина во голема мера ќе ги зголеми можностите на руската космичка група. Сателитот „Барс-М“ со маса од 4 тони не само што е двапати полесен од „Персона“, туку може да фотографира и објекти помали од еден метар во дијаметар. Сепак, точните карактеристики на „Барс“, остануваат тајна.

Страници на историјата

За сето свое постоење конструкторското биро на самарската фабрика има создадено повеќе од 20 видови сателити кои можат да се користат и во воената сфера. Меѓу другото, при своето основање претпријатието било планирано за сосема поинакво производство. Неговата историка започнува во Москва во 1894 година, како фабрика за велосипеди која постепено почнала да произведува мотоцикли, санки и автомобили. Дури пред почетокот на Првата светска војна акционерското друштво „Дукс“ се зафатило со производство на летачки апарати. Во периодот од дваесеттите и шеесеттите години од минатиот век фабриката се занимавала токму со производство на авиони. Претпријатието кое по 1917 година било национализирано го добило називот Државна авијатичка фабрика бр. 1. Во 1941 година неговите капацитети биле евакуирани од престолнината на брегот на Волга. Оттука и започнува историјата на фабриката во Самара.

Ваквата местоположба во длабочините на земјата имало низа стратешки предности. Како прво било безбедно. Тоа е и една од главните причини зошто во 1958 година самарското претпријатие било избрано како еден од центрите за реализација на советската космичка програма. Тоа изискувало целосно реновирање на фабриката – создавање големи хали и простори за тестирање.

Колективот учествувал во сите домашни програми за освојување на космосот. Неколку прстени од ракетата-носач која го лансираше во космосот апаратот со првиот космонаут на него Ј.А. Гагарин, е проектиран имено во Самата, како и 27 видови советски цивилни и воени сателити. По распадот на СССР претпријатието мина низ етапа на конверзија, при што започна со цивилно производство. Сепак, во последниве 15 години воено-космичкиот дел од производството повторно се враќа на прв план. Фабриката се судира со сериозни тешкотии. Така, по воведувањето на санкциите почувствува кусок од увозни делови за сателитите. Сепак, федералната програма за замена на увозот дава добри шанси за нејзино успешно надминување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња