„Се одржа дискусија за конкретни чекори кои Русија и САД во својство на копретседавачи на Меѓународната група за помош на Сирија треба да ги преземат за реализација на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за Сирија во согласност со договорот постигнат во текот на посетата на Џ. Кери на Москва на 14-15 јули“, се вели во соопштението објавено на сајтот на МНР РФ.
Од руска страна беше потенцирана неопходноста од активирање на борбата со терористичките и другите екстремистички групи кои дејствуваат сѐ подрско, што доведува до нови жртви меѓу цивилното сириско население, вклучително и поради употребата од страна на милитантите отровни хемиски материи, се вели во соопштението.
Денеска претседателот на САД Барак Обама ја обвини Москва за евентуален неуспех на примирјето во Сирија.
Претходно Москва изјави дека не може да стане збор за вистинско партнерство на Русија и САД во услови на постојано истакнување дополнителни барања од страна на Вашингтон за постигнатиот договор, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче