Украина ја обвинува Русија за убиството на новинарот Шеремет

За смртта на познатиот новинар Павел Шеремет се одговорни руските специјални служби, изјави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Зорјан Шкирјак за телевизијата „112 Украина“.

„Можам да го изнесам сопственото гледиште. Јас сум убеден дека убиството е нарачано во странство, дека тоа најверојатно го сториле руските специјални служби, тоа личи на нив“, рече Шкирјак и ја поткрепи изјавата со зборовите дека тој лично не се сомнева во тоа, пренесува ТВ „Ѕвезда“.

Претходно поранешниот началник на Главната истражна управа на Службата за безбедност на Украина генерал Василиј Вовк изјави дека во убиството на новинарот нема „руска трага“ и дека тоа е лага на киевските власти.

 „Проблемот е во кадровската политика на нашата држава и слабиот правен систем. На Русија тој новинар не ѝ пречеше. Всушност, има многу верзии, но неговата смрт никако не е поврзана со Русија“, изјави на 21 јули Вовк.

Позанатиот блогер и новинар, Украинецот Анатолиј Шариј во интервју за ТВ каналот „Ѕвезда“ по повод убиството на Шеремет неодамна изјави: „Сега ќе почнат да ни раскажуваат за некакви големи истражувања на Шеремет поради кои можеле да го убијат. 80% од тоа ќе го зборуваат луѓе кои не ја ни следеа неговата работа“.

Убиството е планирана акција, а целта се следните избори во Украина, смета Шариј.

„Мислам дека украинските власти ќе почнат да зборуваат за тоа кој го нарачал убиството пред изборите, одненадеж. Сега ќе зборуваат за руска трага, за тоа дека на Путин му одговара дестабилизација во Украина итн. На пример, почесниот кловн за цела Русија Герашченко Антон (советник на министерот за внатрешни работи и пратеник во Врховната рада) веќе дава такви изјави. Такви изјави постојано ќе има, ќе се предлагаат конспиративни верзии, а потоа одненадеж ќе се дознае дека убиството го нарачале тие и тие луѓе... Зошто? Она што ќе го измислат, избирачите и ќе го пофатат како одговор“, резимираше Шариј.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња