Захарова: Украина стана заедничка гробница на новинарите

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова реагираше на убиството на новинарот Павел Шеремет во Украина.

Смртта на новинарот Павел Шеремет во Киев покажува дека Украина станува заедничка гробница на новинарите и новинарството, напиша портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова на својата страница на „Фејсбук“.

Притоа таа потенцира дека станува збор за Украина како систем, а не како земја.

Захарова го нарече Шеремет професионалец кој не се плашеше да им кажува на различните власти во различни времиња што мисли.

Белорускиот новинар долго време работеше на руската телевизија, а пред пет години се пресели во Украина.

Павел Шеремет загина во експлозија на автомобил кој припаѓаше на раководството на интернет-изданието „Украинска правда“. Полицијата претпоставува дека новинарот е убиен со помош на бомба на далечинско активирање или со темпирана бомба. Многу политичари и колеги на Шеремет го поврзуваат убиството со неговата професионална работа.

Ова не е прво убиство на новинари во Украина. Така, во април 2015 година, пред својот дом беше убиен познатиот новинар Олес Бузина, пишува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња