Руски Ми-8 соборен во Сирија

Министерството за одбрана на Русија потврди дека во сириската провинција Идлиб во понеделникот, 1 август, бил соборен воено-транспортен хеликоптер Ми-8.

Руски воено-транспортен хеликоптер Ми-8 се враќал на 1 август во авиобазата „Хмејмим“ по завршувањето на мисијата за испорака на хуманитарна помош на жителите на градот Алепо, кога бил соборен во провинцијата Идлиб од страна на милитантите на „Исламската држава“.

Во хеликоптерот се наоѓале тројца членови на екипажот и двајца офицери на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија. 

Според зборовите на портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, сите членови на екипажот загинале.

„Вие веќе, за жал, ја знаете трагичната вест која дојде од Сирија. Таму се урна хеликоптер кој беше соборен од земја. Сите кои беа во хеликоптерот, колку што знаеме, загинале херојски, затоа што се обидувале да го управуваат леталото за да ги минимизираат човечките жртви на земја“, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

На интернет веќе се појавија низа фотографии на кои непознати лица ги влечат по земја телата на руските војници.

Рускиот контингент во Сирија првпат од почетокот на операцијата на 30 септември 2015 година загуби истовремено пет војници. Претходно во Сирија загинаа вкупно 14 руски војници.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња