Судбината на руските олимпијци ќе ја решава посебна „тројка“ на МОК

„Тројката“ доби рок да донесе одлука до почетокот на натпреварувањата, односно до 5 август.

Извршниот комитет на Меѓународниот олимписки комитет назначи комисија од тројца членови која треба да решава за учеството на руските спортисти на Олимписките игри во Бразил, изјави портпаролот на МОК Марк Адамс, пренесува РИА „Новости“.

Во комисијата членуваат Хуан Антонио Самаранч (син на седмиот претседател на МОК), раководителот на медицинската комисија на МОК Угур Ерденер и шефот на комисијата за спортисти Клаудија Бокел. „Тројката“ ќе ги разгледува случаите на руските спортисти индивидуално, така што ќе биде одговорна за одлуките за секоја спортист. Комисијата ќе решава дали да го прифати или отфрли конечниот предлог на независниот арбитар на Судот за спортска арбитража за учество на спортистите на Игрите во Рио.

„Тројката“ доби рок да донесе одлука до почетокот на натпреварувањата, односно до 5 август.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња