На Крим загрижени поради камповите за обука на ИД на југот на Украина

„Крајно загрижени сме што украинската страна за замена на спроведувањето на антируски акции им дозволува на исламските екстремисти во Херсонската област да учествуваат во незаконски дејствија и да формираат паралелни структури на власт“, изјави потпретседателот на владата на Крим Руслан Баљбек.

Потпретседателот на владата на Крим Руслан Баљбек изјави дека кај северните граници на полуостровот се концентрираат исламски екстремисти.

„Познато ни е дека во Херсонската област на Украина се наоѓаат кампови за обука на „Исламската држава“. Крајно загрижени сме што украинската страна за замена на спроведувањето на антируски акции им дозволува на исламските екстремисти во Херсонската област да учествуваат во незаконски дејствија и да формираат паралелни структури на власт”, изјави Баљбек на средбата со француските пратеници кои се во посета на Крим.

„Нѐ загрижува тоа што нуклеарните централи на територијата на Украина можат да бидат предмет за уцена на киевските власти од страна на екстремистите, нешто што прашањата на безбедност како на Европа, така и на Русија, ги крева на повисоко ниво“, додаде  Баљбек, пренесува РИА „Новости”.

Делегацијата на француските парламентарци, на чело со пратеникот и поранешен министер за сообраќај на Франција Тери Маријани, пристигна во петокот на Крим. Во текот на својата посета тие ќе ги посетат Симферопол, Јалта и Севастопол.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња