СБУ во текот на проверките утврдила дека мнозинството од руските компании исто така легално соработуваат со Украина и за нив не важат нормите од указот „За примена на индивидуални специјални економски и други мерки на ограничување (санкции)“, пренесува „Взгљад“.
„СБ Украина ги предаде материјалите на Министерството за економски развој и трговија. Според заклучокот на неговите стручњаци, украинските производители се способни во целост да го компензираат рускиот увоз. Согласно тоа беше донесена одлука за времено запирање на надворешноекономската дејност на овие руски компании“, се вели во соопштението на сајтот на СБУ.
Минатата година претседателот на Украина Петро Порошенко забрани секаков вид соработка со Русија во воено-техничката сфера. На пример, Порошенко потпиша указ со кој се забранува извоз во Русија на стоки со воена и двојна намена со цел нивна воена употреба од страна на Русија, со исклучок на вселенска техника која се применува за истражување и искористување на вселената за мирни цели во рамките на меѓународните вселенски проекти.
Притоа експертите изјавија дека откажувањето од соработката со Русија во сферата на воено-индустрискиот комплекс во целост ќе го лиши Киев од одбранбената индустрија со тоа што Украина ќе загуби многу повеќе од прекинот на соработката со Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче