Москва и Анкара дискутираа за „Турски тек”

Министерот за економија на Турција Нихат Зајбекчи на 9 јули изјави дека преговорите со Русија ја проектот на гасоводот сигурно ќе бидат продолжени и дека периодот на конфликт меѓу двете земји не влијаел на овој проект.

Русија и Турција денеска го разгледаа прашањето за изградбата на „Турски тек“, изјави заменик-министерот за енергетика на Русија Јуриј Сентјурин по разговорите меѓу потпретседателот на Русија Аркадиј Дворкович и вицепремиерот на турската влада Мехмед Шимшек.

„Прашањето е разгледано, ќе биде одржан посебен состанок“, изјави Сентјурин, пренесува „Взгљад”.

„Во врска со „Турски тек“ турската страна потврди дека е отворена за обнова на дијалогот на таа тема. Министерот за енергетика на Русија во вторник ќе одржи консултации со своите колеги и за ова прашање“, соопшти потпретседателот на владата на Русија Аркадиј Дворкович.

Министерот за економија на Турција Нихат Зајбекчи на 9 јули изјави дека преговорите со Русија ја проектот на гасоводот сигурно ќе бидат продолжени и дека периодот на конфликт меѓу двете земји не влијаел на овој проект.

Кон крајот на јуни Кремљ соопшти дека ги смета преговорите за обнова на „Туски тек“ за прерани. Претходно претставник на „Гаспром“ високо ја оцени подготвеноста на проектно финансирање на „Турски тек“.

Претседателот на Русија Владимир Путин на 7 јуни изјави дека Москва дефинитивно не се откажала ниту од проектот „Турски тек“ ниту од проектот „Јужен тек“; но дека во двата случаи е потребен јасен став на Европската унија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња