Министерот за надворешни работи на Русија и Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери разговараа за борбата со тероризмот. Разговорите се одржаа на маргините на министерската средба на АСЕАН што се одржува во Лаос, пренесува РИА „Новости“.
По завршувањето на разговорите Лавров истакна дека САД сѐ уште не можат да ги дефинираат критериумите за раздвојување на сириската опозиција и терористите.
„Досега се соочувавме со ситуација кога американските партнери буквално од почетокот на годината нѐ уверуваа дека можат да ја разграничат опозицијата со која соработуваат од терористичките структури, но досега тоа не им успеа“, изјави шефот на руското МНР.
Според Лавров, во Сирија често настануваат ситуации кога на териториите под контрола на терористите остануваат „таканаречените умерени опозиционери“ кои сакаат „да учествуваат во режимот на прекин на борбените дејствија и да го обезбедат тој режим без каква било штета за сузбивањето на ИДИЛ и „Џебхат ан–Нусра“.
Министерот исто така изјави дека меѓусириските преговори во Женева треба да се обноват што е можно поскоро.
Според него, Дамаск е подготвен да работи со опозицијата, меѓутоа Врховниот комитет за преговори засега зазема неконструктивна позиција.
Притоа барањата на Врховниот комитет за преговори за оставка на претседателот на Сирија Башар Асад министерот Лавров ги нарече „апсолутно безизлезна позиција“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче