Руските атлетичари не патуваат на Олимпијадата во Рио

Три руски атлетичарки одат на тренинг во Олимпиското село во текот на Олимписките игри 2012 во Стратфорд. Англија

Три руски атлетичарки одат на тренинг во Олимпиското село во текот на Олимписките игри 2012 во Стратфорд. Англија

AFP / East News
Судот за спортска арбитража (CAS) ги отфрли тужбите на Олимпискиот комитет на Русија (ОКР) и 68 спортисти против Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ).

Судот за спортска арбитража (CAS) ги отфрли тужбите на Олимпискиот комитет на Русија (ОКР) и 68 спортисти против Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ). На тој начин, руските спортисти ќе ја пропуштат Олимпијадата во Рио де Жанеиро.

Претходно ОКР и ИААФ потпишаа спогодба согласно која CAS требаше да биде последната инстанца за решавање на спорот за учеството на Русите на Игрите во Рио, Во тужбата атлетичарите бараа да се разгледа основаноста на правилата на ИААФ. Според мислењето на руската страна, спортистите кои ги исполниле олимписките норми, можат да учествуваат во Олимпијадата доколку против нив нема важечки индивидуални санкции за кршење на антидопинг правилата.

„CAS ја отфрли тужбата/жалбата на Олимпискиот комитет на Русија и 68 руски спортисти“, се вели во изјавата на судот.

Оттаму објаснија дека одлуката била донесена едногласно.

По дознавањето на одлуката на CAS, министерот за спорт на РФ Виталиј Мутко ја обвини ИААФ за корумпираност. Асоцијацијата е „потполно корумпирана, од нив започна сево ова“, истакна министерот.

„Ќе кажам накратко, официјална изјава ќе следи подоцна. Жалам за оваа одлука на CAS. За жал, со воведувањето колективна одговорност е создаден некаков преседан, но друго и не очекувавме, затоа што кога потпретседателот на МОК пред седница изјавува дека руските атлетичари нема што да бараат на Олимпијадата, тогаш тоа е сериозен сигнал“, додаде Мутко. Според него, Русија нема „туку-така да ја остави“ овој случај со атлетиката. Кремљ воздржано ја коментира одлуката на CAS: „Можам недвосмислено да изразам жалење во врска со таквата одлука (…), затоа што прашањето за колективна одговорност од наша гледна точка не може да биде прифатливо“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Претставничката на интересите на ОКР во CAS, двократниот олимписки шампион во скок о стап Елена Исинбаева ја спореди одлуката на судот за спортска арбитража со закоп на атлетиката. Сега останува да се надеваме само на МОК, смета Исинбаева. „МОК има право да донесе своја одлука. Тие повторно кажаа, нешто како исклучување, а МОК може да реши нешто за индивидуални спортисти“, изрази надеж Исинбаева.

Пресудата може да биде обжалена во рок од 30 дена. Притоа Игрите во Бразил стартуваат веќе на 5 август.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.