Медиум: На САД им е најпотребна соработка со Русија за Сирија сега

Вашингтон во најскоро време треба да оди на поблиска соработка со Русија за Сирија, затоа што нема сопствен избор на решенија на кризата, а администрацијата на Обама е подготвена на сѐ повеќе очајни чекори, пишува „Национален Интерес“.

Претходно медиумите објавија дека САД може да им предложат на Русија создавање нов центар за координација на воздушната кампања против терористичката група „Џебхат ан-Нусра“ на Блискиот Исток, доколку Москва во замена за тоа го повика сирискиот претседател Башар Асад да го намали бројот на воздушните напади, пишува „Национален Интерес“.

Одлуката за потребата од зголемена соработка меѓу САД и Русија, најверојатно, го одразува последниот обид на администрацијата на Обама да се спасат барем остатоците од она што некогаш беше политиката на САД на Блискиот Исток. Во исто време промовирањето на овој предлог нема да биде толку лесно, бидејќи секоја размена на податоци со Русија се дочекува на нож од голем број официјални претставници САД - Пентагон, американскиот Стејт департмент и разузнавањето, се истакнува во статијата.

Сепак, Вашингтон нема толку многу аргументи кои би можеле да ги спречат САД барем да се обидат да ѝ излезат во пресрет на Русија. На крајот на краиштата, без оглед на тоа дали ѝ се допаѓаат на Белата куќа руските методи за решавање на кризата, таа треба да признае дека во моментов Москва има многу поголемо влијание врз режимот на Асад, отколку што Американците некогаш имале, потенцира изданието.

Се разбира, како и многу други планови за соработка со Русија, овој предлог може и да не се реализира. Меѓутоа, ако Обама се реши за поширока дискусија за сириското решение, за која Русија зборува веќе повеќе од една година, тој нема ништо да изгуби, особено со оглед на фактот дека политиката на игнорирање на Москва не даде никаков голем напредок, се вели во заклучокот на статијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња