Претседателот на Русија Владимир Путин во телефонски разговор со лидерот на Турција Реџеп Таип Ердоган изразил сочувство поради жртвите во обидот за државен удар и му посакал враќање на редот и мирот и стабилноста во Турција, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува РИА „Новости“.
Разговорот се одржал во саботата на иницијатива на руската страна. Во текот на разговорот рускиот претседател потенцирал дека принципиелниот став на Русија се состои во недопуштањето на антиуставни дејствија и насилство во државата.
Путин исто така изразил надеж дека Турција ќе успее да ја обезбеди безбедноста на руските туристи кои се наоѓаат во земјата. Ердоган од своја страна уверил дека Анкара ќе ги преземе сите неопходни мерки за тоа.
Покрај тоа, шефовите на државите го потврдиле договорот за лична средба во најблиска иднина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче