Владимир Путин им наложи на институциите на РФ да се сконцентрираат на безбедноста на Русите кои се наоѓаат во Турција и можноста за нивно враќање во РФ, соопшти портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.
„Претседателот ги даде неопходните наредби на соодветните институции да се сконцентрираат имено на обезбедувањето на безбедноста на руските државјани и создавање неопходни услови тие граѓани да можат да се вратат во татковината“, изјави Песков, пренесува ТАСС.
Песков рече дека во моментов нема услови да се спроведе евакуација на руските државјани од Турција. Сепак сите ресори ќе ги следат информациите и при првата можност оперативно ќе делуваат за обезбедување на безбедноста на Русите и за овозможување на нивно враќање во РФ.
Русија е заинтересирана она што се случува во Турција да заврши на легитимен начин да земјата да се врати на патот на стабилноста, додаде Песков.
„Се разбира, сите сме заинтересирани она што сега се случува во Турција што побрзо да заврши на легитимен начин и земјата да се врати на патот на стабилноста, предвидливоста и владеењето на правото“, потенцираше тој.
Песков исто така изјави дека одлука за азил на претседателот на Турција Ердоган може да донесе единствено Путин, доколку пристигне такво барање.
„Такви одлуки може да донесува само претседателот на РФ. И во наведенио случај не може да се зборува хипотетички. За тоа може да се дискутира единствено ако пристигне такво барање“.
Во меѓувреме, руската авиокомпанија „Аерофлот“ соопшти дека сите летови на релацијата Москва - Истанбул, Москва – Анталија и обратно се одложени поради „недефинираната политичка ситуација во Турција“.
Во Турција ноќта во петокот на 15 јули беше направен обид за воен удар. Врз зградата на парламентот во Анкара беа фрлени две бомби. Според последните податоци, загинале 90 лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче