Пентагон констатира проширување на воената активност на Русија на Арктикот, изјави вишиот директор на Министерството за одбрана на САД за Европа и НАТО Рејчел Елхјуз, пренесува „Взгљад“.
„Како и во Балтичкиот регион, на Арктикот гледам дополнителни промени (од страна на РФ) какви што немаше забележано порано“, изјави Елхјуз на сослушувањата во Комитетот за вооружените сили на Конгресот на САД.
Според нејзините зборови, на пример, се работи за „зголемување на воената моќ и одржување воени вежби“. Ехјуз исто така тврди дека Вашингтон е приврзаник на идејата дека „Арктикот треба да биде слободен од воена активност“.
Сослушувањата во Конгресот во однос на помошта на САД за европските сојузници во НАТО практично во целост се однесува на темата на одвраќање на Русија.
Вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин претходно изјави дека за Арктикот „се развива сериозна битка“, меѓутоа таа не излегува надвор од рамките на виртуелното, иако „играчите се сериозни во намерите“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче