Одлуката на Судот за спортска арбитража(CAS) на тенисерката Марија Шарапова ќе биде објавена во септември 2016 година, а со тоа Русинката ќе ги пропушти Олимписките игри во Рио де Жанеиро што ќе се одржат од 5 до 21 август, се соопштува во соопштението за медиумите на Судот, пренесува РИА „Новости“.
Меѓународната тениска федерација од 26 јануари оваа година ја дисквалификуваше Шарапова на две години поради користење мелдониум. Потоа 29-годишната тенисерка поднесе жалба на дисквалификацијата во Судот за спортска арбитража.
Беше соопштено дека арбитражата ќе ја разгледа жалбата во забрзана форма и ќе донесел одлука не подоцна од 18 јули. Во случај на намалување на рокот на дисквалификацијата, Шарапова ќе можеше да настапи на Олимпијадата во Бразил.
„Марија Шарапова и Меѓународната тениска федерација се договорија да го одложат донесувањето на одлуката на Судот за спортска арбитража до септември 2016 година во врска со прашањата кои бараат дополнително време за нивно исполнување и реакција на доказите, како и проблемите со распоредот. Страните се договорија да не го забрзуваат разгледувањето на жалбата. Одлуката, како што се очекува, ќе биде објавена на 19 септември“, се вели во изјавата на судот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче