Ердоган потврди можна средба со Путин

Турскиот претседател Ердоган ја потврди можноста за средба со неговиот руски колега Путин.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган потврди дека средбата меѓу него и претседателот на Русија Владимир Путин може да се одржи на крајот на јули или во август.

„По завршувањето на средбата меѓу шефовите на МНР Турција и Русија во Сочи ние се согласивме во мислењето за потребата од средба на шефовите на државите. Средбата, веројатно, ќе се одржи на крајот на месецов или во август пред самитот на Г—8. Но тоа засега не е дефинирано“, изјави Ердоган, пишува „Взгљад“.

Претходно шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави за можноста за состанок на двајцата лидери на крајот на јули или почетокот на август во Сочи.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња