Експерт: Авиони на ВКС на базата Инџирлик ќе бидат победа на Русија

Појавувањето на руски воени авиони на турската авиобаза Инџирлик ќе биде „колосална геополитичка победа“ на Русија и проба за руско-турските односи.

Појавувањето на руски воени авиони на турската авиобаза Инџирлик ќе биде „колосална геополитичка победа“ на Русија и проба за руско-турските односи, смета претседателот на Академијата за геополитички прашања, доктор на воени науки Константин Сивков.

Претходно турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавашоглу изјави дека Анкара би можела да ѝ ја отстапи базата на Русија за водење операции против „Исламската држава“.

„Ова е колосален пробив во руско-турските односи, тоа е мошне остар, феноменален пресврт на Турција кон Русија, зашто со ваквиот чекор тие фактички ги прекинуваат односите со САД и задаваат силен удар на НАТО. Руските авиони во Инџирлик би биле колосална геополитичка победа на Русија“, рече Сиваков.

Тоа е авиобаза на НАТО и доколку таму се појават руски авиони кои ќе учествуваат во операциите заедно со Турците, тоа значи дека Турција се потпира на Русија, ја пренесува РИА Новости изјавата на експертот.

„Турција им го врти грбот на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија. И, секако, тоа мораме да го поддржиме. Се чини дека Ердоган во дадената ситуација сфати една работа, а тоа е дека во својата геополитика може да се потпре на Русија“, додаде Сиваков.

Тој исто така смета дека руската воена база во Хмејмим во Сирија е недоволна за борба против ИДИЛ, но истакнува дека Инџирлик би бил пред сè политичка победа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња