Бројот на пребарувања на туристичкиот сајт OneTwoTrip кои се однесуваат на патувањата во Турција, вчеравечер порасна за 30-40%. Ова за „Лента.ру“ го соопшти директорот за развој на порталот Аркадиј Гинес.
Според него, оваа ситуација се случила откако вечерта на 30 јуни претседателот на РФ Владимир Путин го потпишал указот за укинување на ограничувањата за продажба на аранжмани во Турција. На Сајтот е зголемен интересот за хотели и за авионски билети за Турција.
Зголемениот интерес за патување во Турција го потврди и портпаролот на Рускиот сојуз на туристичката индустрија (РСТ) Ирина Тјурина, соопштива агенцијата Интерфакс.
Според Тјурина, уште во средата, на 29 јуни, кога беше обелоденето дека е можно да се симне рестрикцијата, „во туристичките агенции не престанале да ѕвонат телефоните“.
На 30 јуни Путин потпиша указ со кој се укинува ограничувањето на продажба на аранжмани за Турција. Ваквиот договор бил постигнат помеѓу рускиот претседател и неговиот турски колега Ердоган во средата на 29 јуни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче