Пентагон го обвинува екипажот на „Јарослав Мудриот“ за давање лажни сигнали

Рускиот патролен брод „Јарослав Мудриот“ даваше лажни сигнали, обидувајќи се да му се приближи на американскиот разурнувач „Грејвли“, кој го покриваше носачот на авиони „Хари Труман“, изјави Пентагон.

Претходно претставник на Пентагон изјави дека руски брод од класата 11540 поминал на 288 метри од разурнувачот „Грејвли“ и на пет морски милји (повеќе од девет километри) од носачот на авиони „Хари Труман“ во Средоземното море.

Повикувајќи се на извори во Пентагн, „Дифенс Њуз“ соопшти дека рускиот патролен брод „намерно се обиде да му создаде пречки за маневрирање на  „Грејвли“.

„Патролниот брод даде сигнал кој значи „ограничување во маневрирањето“ според Меѓународните правила за спречување судирање на море. Патем руските морнари преку УКБ радио-станица бараа од разурнувачот да остане на безбедно растојание. Меѓутоа, кога „Грејвли“ ги промени курсот и брзината, и патролниот брод го промени курсот, што зборува за тоа дека тој, всушност, не бил ограничен во можноста да маневрира“, наведува весникот.

Капетанот на разурнувачот претпоставил дека патролниот брод намерно се обидува да ги попречи операциите на носачот на авионот, додава „Дифенс Њуз“.

Министерството за одбрана на Русија претходно ги отфрли обвинувањата на Пентагон и ги обвини Американците за грубо кршење на Меѓународните правила.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња