„На 17 јуни во источниот дел на Средоземното Море американскиот разурнувач „Грејвли“ опасно се доближи до руски воен брод на растојание од 60-70 метри од левата страна и го пресече курсот на движење на РПБ „Јарослав Мудриот“ пред носот на опасно растојание од 180 метри“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на руското Министерство за одбрана.
Притоа рускиот воен брод „пловеше во меѓународни води со постојан курс и брзина и не направи никакво опасно маневрирање во однос на американскиот брод“, истакнува одбранбениот ресор на Русија.
Во врска со овој инцидент, Министерството за одбрана му укажува на Пентагон на „сериозното прекршување од страна на командантот и екипажот на разурнувачот „Грејвли“ на Меѓународните прописи за спречување на судир на пловила... и на руско-американскиот меѓувладин договор во 1972 година „За спречување на инциденти на море и во воздушниот простор над него“.
Како што подоцна изјави првиот заменик-претседател на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич, дејствијата на американскиот разурнувач претставуваат провокација.
„Ова е флагрантен случај – доближувањето на такви бродови на растојание од 180 метри е закана за можен страшен судар, затоа што таму може сѐ да се случи“, изјави Клинцевич.
Видеото од инцидентот можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче