Могерини: Конзистентна и единствена политика на ЕУ спрема Русија

Во новата стратегија за надворешна политика на ЕУ, презентирана од шефот на дипломатијата Федерика Могерини, се вели дека политиката на Брисел кон Русија мора да биде конзистентна и единствена.

„Градењето на односите со Русија е клучен стратешки предизвик. Конзистентниот и единствен пристап мора да остане камен-темелник на политиката на ЕУ кон Русија. Значајните промени во односите меѓу ЕУ и Русија се условени од целосното почитување на меѓународното право и принципите кои го одржуваат европскиот систем за безбедност, вклучувајќи ги Завршниот акт од Хелсинки и Париската повелба“, се вели во документот.

Во текстот на стратегијата се истакнува дека ЕУ „не го признава нелегалното присоединување на Крим од страна на Русија и нема да прифати дестабилизација на источна Украина“.

„Ние ќе ја зајакнеме ЕУ, ќе ја зголемиме стабилноста на нашите источни партнери и ќе го поддржиме нивното право на слободен избор во нивниот пристап кон ЕУ. Во исто време ЕУ и Русија се меѓусебно зависни. Затоа, ние ќе соработуваме со Русија, за да ги разгледаме несогласувањата и да соработуваме, ако и кога нашите интереси ќе се совпаднат“, се вели во документот, пишува „Взгљад“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња